Македонија со четворица дебитанти тргнува во Лигата на Нации! (ФОТО)
На списокот на Седлоски се најдоа четворица дебитанти како дефанзивците Анес Мелиџи и Ѓорѓе Џеков, фудбалерот за врска Матеј Гаштаров и напаѓачот на Струга Христијан Малески.
Исто така по пауза од четири години во националниот дрес се враќа Марио Младеновски по добрите настапи во дресот на Вараждин.
Македонија првиот натпревар го игра дома со Швајцарија (26.09), потоа гостуваме во Словенија (29.09), па ја пречекуваме Шкотска (03.10) и прозорецот го затвораме со гостувањето на Швајцарија на (6.10).
