Роналдо пак доби помрачување - со боречки зафат легна противнички фудбалер (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо повторно беше во центарот на вниманието, но овојпат не поради гол или асистенција.

Португалската ѕвезда во еден момент од натпреварот се најде во дуел со противнички фудбалер, по што употреби потег кој повеќе потсетуваше на боречки зафат, соборувајќи го ривалот на тревата.

Ова не е првпат Роналдо да ги губи нервите откако игра во Ал Наср. Неколку пати во домашното првенство и азиската Лига на шампиони доби црвени картони поради жестоки судири со противнички фудбалери, но денеска помина без јавна опомена, а неговиот тим загуби од Ал Аин со 0-4.