Пелистер се пофали со новиот автобус - одлично изгледа (ВИДЕО)

На стартот на новата сезона, поранешниот шампион на Македонија, Пелистер се пофали со нешто што малкумина имаат во домашниот спорт.

Битолскиот клуб набави нов автобус кој е брендиран со логото на Пелистер и навистина изгледа одлично.

На крајот на септември, вицешампионот го почнува својот настап во ЕХФ Европската лига, а во првото коло на домашен терен игра против шпанската Ла Риоха.