Урнебесно: Мурињо за да избегне прес-конференција им понуди - мито на новинарите!
На прашањето како тимот се справува со напорниот распоред од два натпревари неделно, португалскиот стратег фокусот го префрли на своите медиумски обврски, критикувајќи го големиот број задолжителни обраќања пред новинарите. Зборувајќи за заморот кај фудбалерите, Португалецот истакна дека двата тима се во слична физичка состојба бидејќи и двата состави настапија изминатата сабота. Сепак, настапот пред медиумите го одбележа неговата шеговита понуда, во обид да ги намали своите шест неделни појавувања пред микрофоните.
„Шест прес-конференции неделно. Во други земји би ми дозволиле да пропуштам една, би ми дозволиле да не доаѓам тука денес или утре по натпреварот. Уморен сум од сите вас, вие сте уморни од мене, но тука сме бидејќи тоа е нашата работа. Играчите се во иста ситуација. Тие се уморни, но мораме да продолжиме. Елче исто така играше во сабота, како и ние. Се снаоѓаме. Ако ми кажете дека следната недела можам да пропуштам една од прес-конференциите, јас ќе донесам нешто за јадење“, изјави Мурињо.