Лина Ѓорческа забележа голем пад на најновата ВТА листа
Ѓорческа моментално има 209 ВТА поени, а на листата зад нејзиното име стои 21 одигран турнир.
Падот на ранг-листата доаѓа во период во кој македонската тенисерка се обидува повторно да се искачи кон позициите на кои беше во изминатиот период. Оваа сезона Ѓорческа настапуваше и на Вимблдон, каде што дебитираше во главната ждрепка на еден Гренд слем турнир. Падот на најновата ранг листа се должи на раната елиминација во квалификациите за УС Опен, како и на турнирот во Анталија.
Шанса за поправка на впечатокот, но и на пласманот, таа ќе има неделава на силниот турнир во Љубљана каде во првото коло за противничка ја има Булгару од Романија.