Легендата на Барселона го отпиша Мбапе од трката за „Златната топка“!

Поранешниот капитен на Барселона и шпански репрезентативец, Жерар Пике, ги издвои своите фаворити за освојување на „Златната топка“ и отворено го критикуваше списокот од 30 номинирани фудбалери, истакнувајќи дека Килијан Мбапе нема реални шанси да го освои престижното признание.

Анализирајќи ги номинациите преку својот канал на социјалната мрежа ТикТок, Пике го исклучи францускиот напаѓач од главната трка. Иако призна дека Мбапе е извонреден играч кој доминира на светските првенства и дека имал одличен настап на последниот Мундијал, тој своите симпатии ги насочи кон триото кое го сочинуваат Хари Кејн, Ламин Јамал и Родри.

„Не верувам дека е во состојба да победи“, изјави Пике коментирајќи ги шансите на Мбапе.

Покрај изборот на фаворитите, поранешниот дефанзивец го доведе во прашање и самиот состав на листата креирана од организаторите. Тој јавно го изрази своето незадоволство посочувајќи дека во потесниот избор за најдобар фудбалер на светот недостасуваат двајца клучни играчи на каталонскиот гигант.

„Каде се Рафиња и Педри?“, праша Пике, алудирајќи на неправедното изоставување на неговите поранешни соиграчи од номинациите.