Јованов: Бугарија е светски вицешампион, горд сум на себе и момците

Македонската одбојкарска репрезентација вчера загуби од Бугарија во првиот натпревар на Европското првенство, домаќинот покажа зошто е светски вицешампион и со 3-0 дојде до стартна победа пред својата публика.

Сепак, дебитантот во нашата репрезентација на Европскот опрвенство Филип Јованов истакна дека е горд на себе и момците за прикажаното против една така силна репрезентација.

„Тоа што го кажавме пред натпреварот мислам дека го исполнивме. Се боревме и достоинствено се претставивме. Бугарија сепак е светски вицешампион, ова е едно одлично искуство, салата беше речиси полна. Не знам што би кажал освен дека сум горд на себе и момците, се надевам дека во следните два натпревари ќе прикажеме уште подобра игра“, изјави Јованов.

Следен предизвик за македонските одбојкари е натпреварот против Украина кој е закажан за утре во терминот од 15:00 часот.