Миовски со мајсторски гол со лоб во 91. минута му донесе три бода на Ренџерс (ВИДЕО)
Натпреварот, кој се одигра на стадионот „Ајброкс“, беше решен со извонредна индивидуална реакција на македонскиот напаѓач во 91. минута и тоа 15-тина по влегувањето во игра ги потврди своите голгетерски квалитети пред домашната публика. Иако штипјанецот доби шанса за настап дури во самата завршница од натпреварот, тоа не го спречи да биде клучен играч на теренот. По едно прецизно длабочинско додавање, Миовски излезе сам пред противничкиот голман и со атрактивен лоб-удар ја смести топката во мрежата, решавајќи го прашањето на победникот.
Со овој важен погодок, македонскиот интернационалец како да ги остава зад себе турбулентните денови од финишот на летниот преоден рок. Иако постоеја сериозни најави дека тој ќе го напушти шкотскиот гигант и кариерата ќе ја продолжи во друга средина, Миовски остана во тимот и на најдобар можен начин покажа колку ќе биде значаен за екипата во тековната натпреварувачка сезона.