Босанскиот ѕвер решета во дресот на Штутгарт – даде три гола за 12 минути во ЛШ (ВИДЕО)
Тој првпат погоди во 20. минута, а шест минути подоцна му донесе ново водство на својот тим по брзото изедначување од страна на гостите преку Трипиќ. Демировиќ со рафалната стрелба продолжи и во 32. минута кога го комплетира извонредниот учинок.
Босанецот со ова влезе во елитно друштво односно меѓу десетте фудбалер со најбрз постигна хет-трик, мерено помеѓу првиот и третиот погодок. Убедливо најбрзи се Мо Салах и Килијан Мбапе, на кои има требаше нешто повеќе од шест минути по трипат да ја затресат противничката мрежа. Тоа, воедно, е и четврти најбрз хет-трик ако се гледа времето од почетокот на натпреварот.