„Зен Мастерот“ добива статуа пред арената на Лејкерс
Со ова Џексон ќе стане деветтата легенда на Лејкерс со статуа на „Стар Плаза“, каде што веќе се наоѓаат Меџик Џонсон, Карим Абдул-Џабар, Џери Вест, Елџин Бејлор, Шекил О'Нил, Коби Брајант, Пет Рајли и Чик Херн.
Џексон на клупата на Лејкерс освои пет шампионски титули, вклучувајќи три по ред од 2000 до 2002 година со Коби Брајант и Шекил О'Нил. Подоцна, со Брајант и Пау Гасол, освои уште две титули во 2009 и 2010 година. Неговиот тренерски успех, сепак, не завршува тука. Со Чикаго Булс освои уште шест титули, водејќи го тимот на Мајкл Џордан и Скоти Пипен. Со вкупно 11 шампионски прстени како тренер, Џексон е рекордер во историјата на НБА.
„Фил Џексон со причина го дефинира шампионскиот кошаркарски дух. Неговиот маестрален пристап кон тренерската работа го извлече најдоброто од некои од најголемите спортисти во историјата“, изјави претседателката на Лејкерс, Џини Бас.
По бројните трофеи и историските успеси, „Зен Мастерот“ сега добива и траен споменик меѓу најголемите имиња во историјата на Лејкерс.