Прекин на Вардар - Арсими, цела публика заедно со Комитите го напушта стадионот! (ФОТО+ВИДЕО)

Натпреварот помеѓу Вардар и Арсими во овие моменти е во прекин откако комплетната публика во знак на револт го напушта стадионот.

Комити денеска веднаш по влегувањето на својата трибини ја испратија својата порака за смена на комплетната управа, за сега на нешто помалку од половина час до крајот стадионот да почне да се празни.

Во овие моменти не си одат само навивачите на Вардар, туку и останатата публика која застана на страната на најверните навивачи на најтрофејниот македонски клуб.