Дебакл на поранешниот шампион: Лестер тоне и во трета лига!

Поранешниот англиски шампион Лестер забележува очајни резултати на стартот од сезоната во третиот ранг на англискиот фудбал, Лига 1. 

По пет кола Лестер има само една победа. Првенството го отвори со реми 1-1 на гостувањето кај Нотс Каунти, потоа дома загуби со 2-1 од Бартон Албион, а против МК Донс одигра 0-0. Првата победа ја оствари дури во вторникот, кога го совлада Плимут со 2-0, но само четири дена подоцна, денеска следеше дебакл против Оксфорд од 4-0. Во меѓувреме, Ипсвич го елиминираше и од Лига купот со победа од 3-1.

Тимот од ова лето го предводи Расел Мартин, поранешниот тренер на МК Донс, Свонси Сити, Саутемптон и Ренџерс. Лестер во јуни му даде тригодишен договор, а неговата задача е да го врати клубот барем во Чемпионшип, но според резултатите повеќе изгледа дека го чека тешка борба за задржување и на третолигашкиот статус.