Тешка криза го дрма ПСЖ: Монако ги однесе бодовите од Париз (ВИДЕО)

Монако приреди големо изненадување во третото коло од француската Лига 1, откако на гостувањето во Париз го совлада актуелниот шампион ПСЖ со 2-1.

Домаќините први стигнаа до погодок, откако Маркињос на асистенција на Кварацхелија во 31. минута го доведе ПСЖ во предност. Парижаните имаа контрола над резултатот, но Монако во продолжението успеа целосно да го сврти натпреварот.

Гостите израмнија во 58. минута, кога Флавио Назињо ја затресе мрежата за 1-1. Само 14 минути подоцна следуваше нов удар за ПСЖ. Во 72. минута, Станис Идумбо-Музамбо погоди за целосен пресврт и водство на Монако од 2-1.

До крајот ПСЖ се обидуваше да стигне до израмнување, но Монако успешно го одбрани резултатот и освои огромни три бода на гостински терен.

За ПСЖ ова е прв пораз во сезоната, но многу поважно е тоа што досега нема ниедна победа и со сами два освоени бода веќе има голема негатива во однос на денешниот ривал кој е со максимален ефект.