Мбапе промаши пенал, ВАР му поништи гол на Еспи... Реал потона во Севиља (ВИДЕО)
Херој на домашниот тим беше Трој Парот, кој го постигна единствениот гол во 81. минута, само 12 минути откако влезе во игра. Напаѓачот ја искористи шансата и ги фрли домашните навивали во еуфорија.
Во првото полувреме немаше погодоци, а натпреварот се одвиваше во голема борба и со доста нервоза. Реал во продолжението се обиде со измени да дојде до пресврт, но Бетис одлично се бранеше. „Кралевите“ во финишот успеаја да ја затресат мрежата преку Сезар Еспи, но голот беше поништен по интервенција на ВАР поради офсајд.
А потоа следуваше најголемата драма.
Во 94. минута, Реал доби пенал и можност да се спаси од пораз. Одговорноста ја презеде Килијан Мбапе, но францускиот напаѓач не успеа да реализира од белата точка, поточно противничкиот голман Ваљес го одбрани неговиот удар. Бетис го издржа последниот налет и стигна до голема победа.
По четири одиграни кола, Реал останува со девет бода, додека Бетис исто така има девет и привремено се искачи на третото место.
И двата тима веднаш ќе мора да се насочат кон нови предизвици, бидејќи веќе во вторник ги очекуваат натпревари во Лигата на шампионите. Бетис ќе гостува кај Лил, додека Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ ќе го пречека Интер.