Македонија решава административни пречки за повик на Тодороски и Караташ!
Андреј Тодороски и Казимчан Караташ по настапите за своите клубови го привлекоа вниманието на селекторот Седлоски, меѓутоа во овој момент административните проблеми се пречка за тие да добијат шанса во националниот дрес.
Toдороски го носи дресот на ТСЦ каде што пристигна од Спартак, а поседува австриски пасош бидејќи долги години со своето семејство живееше во оваа земја.
Слична е ситуацијата и со Караташ кој во турското првенство го носи дресот на актуелниот шампион Галатасарај. Речиси целата своја кариера Караташ ја помина во Турција со исклучок на 2025 година кога настапуваше во Словенија во Оренбург, додека во Турција беше дел уште од Алтај, Анкарагучу и Башакшехир.
Во овие моменти и за двјацата во тек е процедурата за добивање на спортски пасош со што би добиле можност за настап за репрезентацијата, кога е во прашање желбата за настап за Македонија, таа ја има и кај двајцата.
Македонија во Лигата на Нации првиот натпревар го игра против Швајцарија на 26 септември.