Шок за Ѓоковиќ: Во маратонски меч елиминиран во првото коло на Ју-Ес Опен!

Новак Ѓоковиќ го заврши настапот на Ју-ЕС Опен уште во првото коло, откако загуби Њујорк загуби од Аргентинецот Маријано Навоне по пет сета.

Српскиот тенисер беше поразен со 7-6 5-7, 4-6, 6-2, 6-1, по маратонски меч кој траеше четири часа и 36 минути. Тоа беше неговиот најдолг прв меч на грен-слем турнирите, но и најраниот пораз на еден од четирите најголеми турнири во последните две децении.

Ѓоковиќ во текот на мечот имаше сериозни физички проблеми. Најмалку еднаш поврати, подоцна се држеше за левото стапало, а меѓу четвртиот и петтиот сет доби медицинска помош, таблети и масажа на долниот дел од грбот. Дополнително, направи дури 70 неизнудени грешки, што беше едно од неговите најслаби изданија на најголемата тениска сцена.

Иако во првиот сет рано поведе со 3-0 и 4-1, Ѓоковиќ не успеа да ја задржи предноста. Повремено го покажуваше препознатливото ниво на игра, особено во вториот и третиот сет, кои ги освои, но немаше доволно сили за завршницата.

Навоне остана смирен под рефлекторите и максимално го искористи падот на својот противник. Ѓоковиќ практично му го препушти четвртиот сет, додека во петтиот повеќе не можеше да одговори на ритамот на Аргентинецот.

Фото: US Open Tennis Championships