Бензема си замина од Ал Хилал, најверојатно ја напушта и Саудиска Арабија!

Карим Бензема и Ал Хилал денеска постигнаа договор за спогодбен раскин на соработката, со што францускиот напаѓач и официјално ќе го напушти клубот.

Следниот чекор во кариерата на Бензема сè уште не е познат. Французинот наскоро треба да ја соопшти својата одлука, а во моментов се разгледува и можноста за пензионирање.

Она што е сигурно е дека Бензема нема да продолжи во Саудиска Арабија, па неговата следна дестинација, доколку реши да продолжи да игра, останува неизвесна. Не е исклучено да замине во МЛС од каде има неколку понуди. 

Иако постоеше можност да продолжи во друг саудиски клуб, според последните информации такво сценарио нема да се реализира. Бензема сега има две опции – да стави крај на кариерата или да побара нов предизвик надвор од Саудиска Арабија. Французинот зад себе има исклучително богата кариера, во која најголемиот дел од успехот го постигна во дресот на Реал Мадрид, со кој освои и пет трофеи во Лигата на шампионите.