Детонит ја запре Беласица, Охрид му даде пет гола на Кожуф

Екипата на Беласица повеќе не е со максимален ефект во Втората лига откако вечерва на домашен терен одигра нерешено со Детонит.

Дербито на истокот заврши без победник (1-1) што е реален исход со оглед на она што се случуваше на теренот. Интересно е тоа што двата гола на натпреварот ги постигнаа гостинските фудбалери.

Резултатот го отвори Спасиќ со автогол во 26. минута откако несмасно реагираше по еден центаршут од левата страна и со глава го матира својот голман. Конечните 1-1 ги постигна Димовски од пенал во 64. минута по што двете мрежи до крајот не се тресеа повеќе.

Во другите два натпревара од денешната програма на Втората лига, Охрид го прегази Кожув со 5-1, додека Шкупи го претрпе и третиот пораз откако на домашен терен загуби од Тетекс со 1-3. Брера и Струмица сега се на врвот на табелата со седум бода, но од три меча, додека Охрид и Работнички имаат по шест од два одиграни натпревари.