Хрват и Грк го урнаа Наполи на негов терен! (ВИДЕО)
Сите три погодоци беа постигнати во првото полувреме, а серијата ја отвори хрватскиот фудбалер Батурина со гол во 17. минута.
Во 30. минута Хојлунд го изедначи резултатот на 1-1 и донесе радост на „Диего Марадона“.
Но, позитивната атмосфера траеше само четири минути, тогаш грчкиот репрезентативец Доувикас постигна гол за победа на Комо од 2-1.