„Не знам што гледаа судиите - нивната одлука беше неправилна“ (ВИДЕО)

Македонскиот боксер, Ален Рустемовски, го загуби полуфиналниот меч, но македонската делегација смета дека судиите влијаеле врз конечниот резултат, Македонецот бил ограбен.

Од страна на генералниот секретар на Македонскиот олимписки комитет (МОК) и Боксерската федерација на Македонија е поднесена жалба до Светската боксерска федерација.

Според правилата тие имаат обврска да одговорат до крајот на денот и да известат дели ќе биде поведена дисиплинска постапка или евентуална промена на одлуката, или пак жалбата нема да биде прифатена.

Ален Рустемовски како полуфиналист има загарантиран бронзен медал од Медитеранските игри.

Но, Македонецот е бесен на судиите вели дека тој требало да биде сигурен победник и да се пласира во финале.