Бремер го израдува Јувентус против Фросиноне, Лече ја совлада Венеција (ВИДЕО)

Јувентус ја почна сезоната со триумф над Фросиноне од 1-0, а вечерва до победа стигна и Лече против Венеција (2-0).

Единствениот гол во победата на „Старата дама“ го постигна Бремер, кој со глава во 22. минута го матира голманот на Фросиноне.

Лече славеше на гостувањето кај Венеција со два погодоци, кои ги постигнаа Гортер и Тиаго Габриел.

Фото: X/JuventusFC