Њукасл има за што да жали: Собослаи од пенал во 99. минута го спаси Ливерпул од пораз (ВИДЕО)

Њукасл и Ливерпул понудија одличен фудбал на „Сент Џејмс Парк“, а на крајот двете екипи си поделија по еден бод (2-2).

Пет минути му беа потребно на домаќинот да стигне до водство, откако Антони Еланга стрелаше за 1-0, по што Ливерпул ја презема контролата на теренот, меѓутоа не успеа да постигне гол до крајот на првиот дел.

Коди Гакпо ја врати неизвесноста на стртот на вториот дел, откако погоди за 1-1, но Њукасл веднаш возврати и преку Вилок поведе со 2-1.

Избраниците на Андони Ираола тргнаа со сите сили во напад и во обид да стигнат барем до израмнување, а конечно тоа им успеа во 99. минута кога Доминик Собослаи погоди од пенал за 2-2.

Фото: Liverpool FC/Facebook