Драма во Мадрид: Атлетико се избори за реми против Вилјареал (ВИДЕО)

Фудбалерите на Атлетико Мадрид и Вилјареал ремизираа (2-2) во одличен натпревар од второто коло во шпанската Ла лига.

По првото полувреме во кое немаше погодоци, Атлетико прв го зададе ударот во 59. минута и погоди за водство од 1-0.

„Жолтата подморница“ набрзо го возврати ударот преку Морено од пенал, а проблемите за Атлетико почнаа со црвениот картон на Ле Норманд.

Вилјареал потоа постигна и втор погодок преку Микаутаѕе за целосен пресврт (2-1), а домаќините до бод стигнаа со голот на Џулијано Симеоне во 88. минута.

Атлетико по два одиграни меча има четири бодови, додека Вилјареал има само два поени.

Фото: Facebook/Atlético de Madrid