Мурињо: Тоа што му го прават на Винисиус е малтретирање

Реал Мадрид ја отвори новата првенствена сезона со победа над Еспањол од 2-1, благодарение на головите на Џуд Белингем на почетокот од натпреварот и дебитантот Еспи во самиот финиш.

Иако не се запиша во листата на стрелците, во центарот на вниманието повторно беше Винисиус Жуниор поради тензичната атмосфера на трибините и неговите реакции кон противничките навивачи.

По натпреварот реагираше и Жозе Мурињо, истакнувајќи дека неговиот фудбалер минува низ неприфатлив третман на шпанските терени.

„Вини сега е мој играч. Тој не е светец, но ова што му го прават навистина е премногу и започнува уште од првата минута. Очигледно е дека постои нешто што повторува од натпревар во натпревар. Се наоѓаме во ера на борба против малтретирањето, а кога станува збор за Вини, ние сè уште сме во таа фаза, без разлика дали се работи за противничките играчи или навивачите“, изјави Мурињо.

Сепак, португалскиот стручњак нагласи дека и самиот Бразилец мора да преземе дел од одговорноста и позрело да ги контролира сопствените емоции.

„Разговарав со него и јасно му кажав дека мора да внимава на начинот на кој ги прославува головите. Наша должност е да го едуцираме и да го подготвиме за вакви притисоци, за да избегне непотребни конфликти“, додаде стратегот на Мадриѓаните.

Фото: Real Madrid C.F