Пелистер ремизира против Брера, Македонија ЃП го совлада Еуромилк ГП
Битолчани ја контролираа играта на теренот во Кавадарци, меѓутоа не искористија ниту една од шансите, додека Брера успешно се бранеше од нападите и на крајот освои бод.
Македонија ЃП во дуелот против Еуромилк славеше со 1-0, додека Камјани го надигра Осоговор со 2-1. До победа денеска стигна и Беласица која со 1-0 го совлада Новаци, а Кожуф со 2-0 му пресуди на Шкупи.
Фото: Пелистер