Миљана Рељиќ ја скокна првата пречка и обезбеди четвртфинале во Таранто

Миљана Рељиќ успешно го почна настапот на Медитеранските игри во Таранто откако во категоријата до 57 килограми ја помина првата пречка и се пласираше во четвртфиналето.

Рељиќ со 2-0 беше подобра од Ана Куорово и така дојде до место помеѓу најдобрите осум.

Во четвртфиналето кое е закажано за 15:38 Релиќ ќе се бори против Шаима Туми од Тунис.

Покрај Рељиќ, Македонија за македонија настапи Христијан Симоновски кој во категоријата до 68 килограми загуби од домашниот натпреварувач Денис Барета со 2-0.