Ракометен спектакл во Гевгелија: Вардар и Охрид ќе се борат за трофејот во Суперкупот
Двете македонски екипи ќе се борат за првиот трофеј во сезоната, откако во изминатиот период се засилија и потврдија дека во новата сезона ќе имаат високи амбиции на домашна, но и европска сцена.
Организаторите дополнително ќе објават детали за продажбата на билетите за спектаклот во Гевгелија.
Суперкупот на Македонија се игра меѓу Вардар и Охрид во Гевгелија на 2 септември од 19 часот.

Фото: РК Вардар