Македонија со двајца пингпонгари на Балканското првенство во Љубљана!
На престижното континентално натпреварување ќе настапат учесници од дури 40 земји, а македонските претставници пред заминувањето во Словенија ќе минат низ специјални подготовки.
Николов и Станојковски ќе тренираат под водство на четирикратната светска шампионка Шанг Јининг од Кина, што ќе биде дополнителна можност за македонските претставници да се подготват за силната конкуренција во Љубљана.