Повреда ја спречи Рибакина да се искачи на првото место
Средбата траеше само 28 минути. При резултат 4-1 за Швјонтек, Рибакина побара медицинска помош и доби масажа на левата нога. Казахстанката се обиде да продолжи, но по само неколку разигрувања беше принудена да го предаде мечот.
Ова е голем удар за Рибакина, која имаше шанса да се искачи на првото место на ВТА-листата и и беше потребен пласман во финалето за да се искачи на чело. Арина Сабаленка, актуелната лидерка во светскиот тенис, претходно беше елиминирана во осминафиналето, со што се отвори можноста за промена на врвот. Швјонтек, која ја брани титулата во Синсинати, со победата обезбеди место во полуфиналето. Таму ќе игра против Џесика Пегула, која по голема борба ја совлада Аманда Анисимова со 6-4, 2-6, 7-6.
За Швјонтек ова ќе биде 24-то полуфинале на турнирите од серијата ВТА 1000. Со тоа таа се израмни со Викторија Азаренка. Пред нив на вечната листа се само Симона Халеп со 29 полуфиналиња и Серена Вилијамс со 26. Повредата на Рибакина доаѓа непосредно пред последниот Грендслем во сезоната – УС Опен, кој почнува на 30 август. Дополнителните прегледи ќе покажат колку е сериозна повредата и дали Казахстанката ќе може да настапи во Њујорк.