Вардар го скрши Нексе и направи голем чекор кон финалето на турнирот „Крсте Андоновски“

Македонскиот шампион Вардар славеше со 33-27 против Нексе и во директен меч против Тримо Требње ќе решава за пласман во финале на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид.

Вардар во првото полувреме се мачеше против Нексе, кој успешно им парираше на „црвено-црните“, а на паузата замина со предност од еден гол (16-15).

Екипата на Иван Чупиќ се разбуди во вториот дел и влезе во одличен ритам, па направи пресврт, а потоа стигна до победа од 33-27.

Вардар утре ќе се соочи против Тримо Требње во борбата за финале, додека во другата група ќе играат Охрид и Загреб.