Спектакл во Белград: Јокиќ беше незапирлив, Србија ја совлада Франција
Србија ја доби првата четвртина со 22-19, додека Франција до полувреме намали на еден поен негатива (45-46).
Драмата продолжи и во второто полувреме во кое публиката можеше да ужива во магијата на кошаркарите на двете селекции, додека во финишот „орлите“ беа поуспешни и остварија победа од 90-87.
Најефикасен во победничкиот тим беше Никола Јокиќ со 20 поени, додека Милутинов запиша 15 поени.
Фото: Facebook/Košarkaški savez Srbije