Победа за Ерера и Шишковски: Борац го надигра Викингур во Рејкјавик
Босанскиот тим успеа да постигне два гол во рок од неколку минути, и тоа преку Јуричиќ и Јојиќ за предност од 2-0 на полувреме.
Сигурдсон од пенал во 75. минута ја врати неизвесноста во дуелот, по што домаќинот имаше уште неколку шанси, но Борац преку Јуричиќ ги постави конечните 3-1.
Македонскиот голман Дамјан Шишковски остана на клупата за резерви, додека Себастијан Ерера го одигра цел натпревар.
Елмин Растодер заедно со Панатинаикос не успеа да го победи Храдец Кралове (2-2), иако претходно имаше водство од 2-0.
Фото: Facebook/FK BORAC Banja Luka