Тиквеш со пресврт до победа против Бутел на меморијалот „Миле Нешкоски“

Ракометарите на Тиквеш триумфираа со 23-22 против Бутел во драматичен натпревар на стартот на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски” во Прилеп.

Бутел беше подобар противник во првото полувреме и водеше со четири голови на паузата (15-11), но Тиквеш се разигра во вториот дел и успеа да направи пресврт.

Најефикасен во победничкиот тим беше Бен Мохамед Азис со седум голови, додека Дејан Михајловиќ запиша пет погодоци за Бутел.

Следен натпревар на распоредот на турнирот е меѓу РК Прилеп и Мулти Есенс.