Барселона ќе го купи Ливаковиќ, па веднаш ќе го испрати на позајмица!?

Хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ наскоро би можел да потпише за Барселона, но најверојатно нема да остане таму оваа сезона затоа што клубот планирал да го испрати на позајмица во Динамо Загреб.

Менаџерот на Ливаковиќ, Енди Бара веќе стапил во контакт со заинтересираните страни, а Барселона е подготвена да плати три милиони евра плус бонуси за искусниот чувар на мрежата.

Планот бил потоа Ливаковиќ да замине на позајмица во Динамо каде ќе игра до крајот на сезоната, а потоа се враќа во Барселона да биде резервен голман зад Жоан Гарсија.

Хрватот досега во кариерата бранеше за Загреб, Динамо Загреб, Фенербахче и Жирона.