Жестоки критики кон Инфантино: ФИФА го притисна копчето за самоуништување!
Мастерс го критикуваше првиот човек на ФИФА поради контроверзните планови за продажба на удел од Светското првенство (СП) на приватни инвеститори.
„Тоа е проблем кој го создаде ФИФА. Организацијата сама си направи проблеми и го притисна копчето за самоуништување, а последицата ќе биде решение до кое мора да дојдеме. Мислам дека ФИФА никогаш не смеела да почне да размислува за таков план. Тоа е непрофитна организација и мораше да го чува фудбалот“, кажа Мастерс.
Во моментов уште нема официјален против-кандидат на Инфантино на изборите за прв човек на ФИФА, но Мастерс смета дека е потребно да се пронајде лице кое ќе изврши реформи.
Претходно голем број фудбалски федерации ја повлекоа поддршката за Инфантино за реизбор за прв човек на ФИФА, а една од нив беше и Македонија.