Ужас во Англија: Пронајдено безживотно тело на стадионот на познат клуб

Трагични вести доаѓаа од Англија, каде што на стадионот на Чарлтон атлетик било пронајдено безживотно тело на маж, по што полицијата отвори истрага.

Чарлтон го потврди инцидентот и откри дека полицијата била повикана на стадионот во раните утрински часови во понеделникот.

„Полицијата беше повикана на стадионот откако беше пронајдено телото. За жал, мажот е прогласен за мртов, а случајот е под истрага. Се молат сите кои имаат било какви информации да ја контактираат полицијата“, соопштија од клубот.

Идентитетот на лицето останува непознато, а засега не е познато како го загубил животот.