Шок во светот на тенисот: Кирјос позитивен на кокаин, веднаш доби суспензија!

Австралискиот тенисер со грчко потекло, Нико Кирјос беше суспендиран откако за време на Мајорка Опен бил позитивен на кокаин.

Поранешниот 13. тенисер во светот објави порака преку социјалните мрежи во кои призна дека направил голема грешка и ја презема одговорноста.

Според информациите, Кирјос бил тестиран на крајот на јуни за време на турнирот во Мајорка, а анализата покажала дека е позитивен на бензоилекгонин - метаболит на кокаинот.

Кирјос нема право на настап од 4 август, а суспензијата претставува нов голем удар за неговиот обид да се врати во врвот на професионалниот тенис.

Контроверзниот тенисер во последните години се мачеше со повреди, поради што драстично падна на АТП-листата.