Динамо игра за 30 милиони евра, а Норвежаните се шокирани од тоа што ги дочека: Тука сè се распаѓа! (ВИДЕО)

Динамо вечерва од 21 часот на „Максимир“ го пречекува норвешкиот шампион Викинг во првиот натпревар од плеј-офот за пласман во Лигата на шампионите. 

Додека гигантот од Загреб го делат само два натпревари од лигашката фаза на елитното европско натпреварување и најмалку 30 милиони евра од наградниот фонд на УЕФА, во Норвешка големо внимание привлече состојбата на стадионот „Максимир“.

Ниту поразениот нема да остане без европска есен. Тимот кој нема да продолжи во Лигата на шампионите ќе се пресели во лигашката фаза на Лигата на Европа, каде што му се загарантирани најмалку 11 милиони евра.

Во пресрет на натпреварот, Загреб го посети новинар на норвешката телевизија „ТВ2“, кој посебно внимание посвети на состојбата на „Максимир“.

Новинарот во прилогот ги прикажа дотраените делови од стадионот. На западната трибина од оградата најде големо парче бетон, додека на друго место покажа цигла која паднала од конструкцијата на стадионот.

„Тука буквално лежи цигла. Сè едноставно се распаѓа“, коментира норвешкиот новинар, кој при обиколката ги покажал и оштетените делови од подот.

Во прилогот било потсетено дека источната трибина на „Максимир“ е затворена уште по земјотресот во 2020 година.

За Норвежаните интересна била и оддалеченоста на јужната трибина за гостинските навивачи од теренот. Новинарот на „ТВ2“ измерил дека навивачите на Викинг ќе бидат оддалечени дури 45 метри од теренот.

Вниманието му го привлекла и изгорената подлога под гостинската трибина, а домаќините му објасниле дека трагите настанале поради фрлени бакљи.

Видеото во кое зборува нвоинарот можете да го погледнете - ТУКА.