Сара Колак донесе европско злато за Хрватска, Србинката Вилагош е бронзена!
Колак до златото дојде откако го фрли копјето на должина од 62.43 метри. Оваа далечина ја оствари веднаш во првата серија од финалето. Тогаш го презема водството и до крајот не го испушти.
Сребрениот медал ѝ припадна на Германката Јулија Улбрихт која фрли 61.53 метри, а бронзена беше Србинката Адриана Вилагош со должина од 60.93 метри.
За 31-годишната Колак ова беше прво злато на Европско првенство, претходно најдобар успех ѝ беше бронза од Амстердам 2016 година.
Најголемиот успех на Колак во кариерата е на Олимписките игри во Рио кога како 21-годишна атлетичарка направи вистинска сензација и го освои златото.
Македонија на ова Европско првенство беше претставувана само од Дарио Ивановски кој утринава го заврши маратонот на 46. место.