Лудница: Американка двапати во ист ден го подобри светскиот рекорд на 50 слободно!

Американската пливачка, Кејт Даглас, испиша историја на Панпацифичкото првенство во Ирвин, откако во ист ден двапати го собори светскиот рекорд на 50 метри слободен стил.

Таа најпрво блесна во утринските квалификации, во кои патеката ја мина за 23,49 секунди и го урна дотогашниот светски рекорд. Но, само неколку часа подоцна покажа дека може уште побрзо. Во финалето Американката беше фантастична и победи со време од 23,19 секунди, подобрувајќи го сопствениот светски рекорд за дури три десетинки.

Пред денешниот подвиг на Даглас, најдобриот резултат во историјата изнесуваше 23,55 секунди и беше во сопственост на нејзината сонародничка Гречен Волш, која го постави на 28 јуни на турнирот „Сете Коли“ во Рим.

Ова не е единствениот светски рекорд во кој Даглас учествуваше на натпреварувањето во Калифорнија. Уште во првата вечер таа беше дел од американската мешана штафета на 4х100 метри мешано, која исто така постави нов светски рекорд, заедно со Волш, Ван Матијас и Вил Модглин.

Даглас е една од најголемите ѕвезди на американското пливање и досега има освоено пет олимписки медали.