Партизан го елиминира Тобол - падна и бизарен гол! (ВИДЕО)
Тобол постигна гол по само седум минути преку Чесноков за предност од 1-0, а продолжи да доминира и до крајот на првото полувреме во кое создаде девет шанси, но не успеа останатите да ги искористи.
„Црно-белите“ се разиграа во вториот дел, а во 47. минута успеаја да израмнат на 1-1 со погодокот на Митровиќ, кој беше навистина бизарен и грешка на голманот на домаќините.
Партизан постигна и втор гол за победа во реваншот против Тобол, и тоа во 92. минута преку Траоре.
Фото: Facebook/Fudbalski klub Partizan