Хрват ѝ донесе тренер на Црвена Звезда (ФОТО)

Српскиот фудбалски гигант Црвена Звезда добива нов тренер, откако се договори со шпанскиот стратег Алберт Риера, чиј агент е Хрватот Енди Бара.

Црвена Звезда контактираше со хрватскиот агент за услугите на Риера уште во средата, откако претхдоно доживеа дебакл во квалификациите за Лигата на шампиони (ЛШ).

Риера ќе го преземе кормилото кое остана празно по оставката на Дејан Станковиќ, по елиминацијата од Хапоел Бер Шева во ЛШ.

„Црвено-белите“ ги чека двомеч со Викторија Плзен во плејофот за Лига Европа, па Риера ќе има голема задача да ѝ донесе пласман на својата нова екипа во елитното натпреварување.

Фото: Facebook/FK Crvena zvezda