Сити ја одби и втората понуда за Родри: Барселона ќе мора да плати огромна сума

Шпанскиот репрезентативец Родри сè уште нема да стане нов фудбалер на Барселона поради тоа што Манчестер сити ја одби и втората понуда од каталонскиот гигант.

Преговорите меѓу двете екипи продолжуваат и понатаму, откако Манчестер сити ја одби понудата од 60 милиони евра за трансфер на Родри.

„Граѓаните“ сметаат дека ниту 60 милиони евра не се доволни за Родри, па наводно ѝ порачале на Барселона дека ќе го продадат само за сума од 80 милиони евра.

Барселона в петок треба да испрати нова понуда до Манчестер, а најверојатно истата ќе биде со барањата на „граѓаните“.