Суперкупот на Шпанија ќе се игра во Турција!

Фудбалската федерација на Шпанија (РФЕФ) соопшти дека Суперкупот ќе се одржи од 2 до 7 февруари во Истанбул, Турција.

РФЕФ реши да го промени домаќинот на шпанскиот Суперкуп, па така наместо во Саудиска Арабија, екипите ќе се натпреваруваат во Турција на почетокот на февруари.

Во шпанскиот Суперкуп ќе учествуваат Барселона, Реал Мадрид, Реал Сосиедад и Атлетико Мадрид.

Фото: x/RFEF