Шкендија сонува реприза од двомечот со Браво за европски плеј-оф!
Натпреварот се игра на Арената „Тодор Проески“ во 20:00 часот и избраниците на Артим Положани ќе бркаат победат од најмалку два гола за целосен пресврт или барем еден за продолженија.
На вчерашната прес-конференција Положани истакна дека победата над Вардар во текот на викендот придонела за подобра атмосфера пред реваншот со Хибренијан.
„Зад нас е тешка недела, имавме тежок натпревар во Шкотска, па игравме со Вардар во првенството. Среќни сме што победивме пред реваншот, се обидовме и да поштедиме неколку фудбалери, секако дека утре сакаме да победиме и да одиме во плеј-офот“, изјави Положани.
Шкендија во европските натпревари досега со вкупни 6-0 ја елиминираше Европа од Гибралтар, додека против Браво исто така прво загуби на гости со 2-1, па дома славеше со 3-1 за победа со вкупни 4-3.