Ѓуретановиќ со личен рекорд на 200 метри слободно подобар од 13 пливачи на ЕП во Париз!
Македонскиот пливач денешната квалификациска трка ја заврши со време од 1:52,39 минути, со што за 47 стотинки го подобри својот досегашен најдобар резултат од 1:52,86. Тој со ова го освои шестото место во својата квалификациска трка, додека во вкупниот пласман заврши на 70. позиција во конкуренција на 83 пливачи.
Иако овој резултат не беше доволен за продолжување на настапот на 200 метри слободно, новиот личен рекорд претставува успешен почеток на неговото учество на континенталниот собир. За Ѓуретановиќ настапите во Париз не завршуваат тука. Македонскиот репрезентативец ќе се натпреварува и на 400 метри слободно, чии квалификации се закажани за в недела.