Експресна замена: Шпанец денеска ќе биде промовиран во нов тренер на Црвена Звезда!

Екипата на Црвена звезда експресно најде наследник на Дејан Станковиќ, откако денеска и официјално за нов тренер ќе биде промовиран Шпанецот Алберт Риера.

Тој ноќеска пристигна во Белград и подоцна на стадионот „Рајко Митиќ“ ќе го потпише договорот со црвено-белите, кој најверојатно ќе биде со важност од две сезони. Шпанскиот стратег веднаш ќе биде фрлен „во оган“, бидејќи пред него е важен европски предизвик. Дебито на клупата на Звезда треба да го има на 20 август на домашен терен против Викторија Плзењ, во плејофот за пласман во Лигата на Европа.

Риера и претходно беше сериозен кандидат за тренерската функција на „Маракана“. Црвено-белите го посакуваа уште минатата сезона, но тогаш Владан Милојевиќ остана на клупата до зимата, кога беше наследен од Дејан Станковиќ. Вториот мандат на Станковиќ заврши во вторникот непосредно пред полноќ, кога поднесе оставка по болната елиминација од Хапоел Бер Шева во квалификациите за Лигата на шампионите.

Шпанецот остави одличен впечаток со својата работа во словенечки Целје, а во 2026 година имаше и кратка епизода во Бундеслигата, каде три месеци го предводеше Ајнтрахт Франкфурт.

ФОТО: nk-celje.si