ПСЖ ја надигра Астон Вила и го одбрани трофејот во Суперкупот на УЕФА (ВИДЕО)
ПСЖ успеа да поведе со голот на Квича Кварацхелија во 20. минута од натпреварот, по што Астон Вила ја презема контролата и создаде повеќе шанси од ривалот, а на крајот тоа резултира со гол на Маџо за 1-1.
Европскиот шампион повторно го врати водството, откако Дуе во 61. минута беше прецизен и ја затресе мрежата на гостите од Бирмингем.
Астон Вила не успеа да возврати во следниот половина час, па така ПСЖ ја одбрани титулата во Суперкупот на УЕФА.
Головите од натпреварот може да се погледнат ТУКА.
Фото: Facebook/PSG - Paris Saint-Germain