Комити со жестока реакција до управата на Вардар: Изгубете се во димот! (ФОТО)

Најверните навивачи на Вардар, „Комити“ испратија остра реакција по поразот на Вардар од Шкендија (0-2) во Скопје во второто коло од Првата македонска фудбалска лига.

„Комити“ порачаа дека се разочарани и гневни поради играта на Вардар, како и дека нема да се толерираат слични дебакли на теренот.

„НИЕ СЕКОГАШ ЗА ТИМОТ, А ВИЕ ИЗГУБЕТЕ СЕ ВО ДИМОТ! Порази имало и ќе има, а во минатото токму тие моменти не правеле посилни, затоа што јасно се гледала желбата и мотивот за да се победи на теренот, затоа што јасно се гледа  како се гине кога се сака. Денес на Градски не видовме ништо, едно големо НИШТО од сето тоа кое треба да го краси Вардаровиот тим! Не сте свесни колку сме бесни, како и сите Вардарци и затоа веднаш на почеток да ви биде јасно дека вакви дебакли нема да се толерираат“, порачаа „Комити“.

„Комити“ и за време на натпреварот го искажаа револтот со скандирање „Оди си Миленко“.