Ја исфрли топката во аут и предизвика сообраќајка! (ВИДЕО)

Необичен инцидент се случи во ниските лиги во Уругвај кога дефанзивец ја расчисти ситуацијата на теренот, но предизвика сообраќјна несреќа на автопатот до игралиштето.

Вакво нешто не сте виделе. Фудбалерот ја исфрли топката во аут, таа отиде на улицата, еден од автомобилите прикочи поради тоа, а друг го удри од позади.